Мени

„Шумско“ годинава ќе пошуми над 300 хектари површина

11.01.2016 15:40 | KumanovoNews

„Шумско стопанство“ годинава ќе пошуми над 300 хектари земјиште. 

„Шумско“ годинава ќе пошуми над 300 хектари површина

Ќе се пошумува во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане и тоа претежно со чемпрес и бел бор. 

“Ќе пошумуваме највеќе во есен и на пролет поради временските услови. Целта ни е да имаме што повеќе засадени дрвца, зеленило, чист воздух за нашите граѓани. Оваа година ќе пошумиме поголема површина од лани“-рече директорот Ваит Саити. 

Саити вели дека секоја наредна година пошумуваат сè повеќе оголени терени.