Сузана Максимовска од ВМРО-ДПМНЕ - новa советничка во Советот на Куманово
        13.03.2025 10:56
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Сузана Максимовска, од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ е нова членка на Советот на Општина Куманово.
                  На денешната седница беше верификуван нејзиниот мандат, по што положи свечената заклетва.
Максимовска е професорка по македонски јазик и литература во Регионалниот училишен центар „Киро Бурназ“ во Куманово.
На советничата листа на последните локални избори беше на десетото место. Беше претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.
Максимовска доаѓа на местото на Дејан Јовановски, кој само по две месеци си поднесе оставка поради работа во странство.


                  
                  
                  
                  
                  
                  



