Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Жител на селото Матејче, општина Липково, вчера бил нападнат од неколку лица кои биле на свадба, поради недоразбирање за сообраќаен прекршок.
„Инцидентот се случил околу 16.00 часот на улицата „11 Октомври“ во Куманово, поради претходно недоразбирање во сообраќајот, неколку лица кои со возила биле дел од свадбена поворка, го оштетиле неговото патничко возило, во кое биле двете негови малолетни деца, по што се обиделе и физички да го нападнат. СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.