Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во основното училиште “Браќа Миладиновци“ денеска се одржа свечен прием за првачиња.
Со пригодна културно-уметнична програма првоодделенците беа пречекани во училиштето каде ќе се образуваат. Во “Браќа Миладиновци“ се запишани 138 правчиња, што значи дека исто како и минатата година училиштето има најголем број запишани првачиња.
“Ова е прва средба на првачињата со училиштето и училителката. Мора да биде опуштено, мора да ја сфати училишната работа на сериозен начин, но во исто време да не има некој страв или негативни чувства. Втора година сме училиште кое има најголем упис на првачиња и ни е драго што е така, од проста причина што довербата на родителите во наставниот кадар е голема. Тоа значи дека сме успешно училиште и работиме онака како што е потреба на заедницата и на училиштето“-рече Марина Манојловска, директорка на “Браќа Миладиновци“.
Децата на училиште дојдоа со своите родители, баби и дедовци.
“Подготвени сме за на училиште. Купивме ранче, прибор се што треба. Гледавме од братчето кое е трето одделение што се треба. Со големо нетрпение чека да тргне , па понатаму ќе видиме“-кажа Изабела Димитриевска, родител.
На свечениот прием беше промовирано и знамето кое училиштето го доби, поради успешно спроведување на проектот за мултиетничка интеграција во образованието, кој го работат заедно со училиштето “Бајрам Шабани“.