×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Свечена седница за Денот на ослободувањето и 500 години Куманово

    11.11.2019 15:57 | KumanovoNews

    Одговорни сме за својот град, посветени на оддржувањето и негувањето на сите светли придобивки од минатото, вложувајќи сили и време во надоградувањето и развојот на сите позитивни и значајни капацитети, - истакна градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, на денешната свечена седница по повод Денот на ослободувањето на Куманово.

    Свечена седница за Денот на ослободувањето и 500 години Куманово

    Тој додаде дека Општина Куманово, во рамките на своите можности, вложува видливи напори да го оддржува нејзиниот напредок особено во комуналната сфера и општествените дејности, како неопходна нишка во животот на секој од нас.

    „Чекориме кон иднината, но бараме решенија за подобро секојдневие на луѓето. Располагаме со можности за обезбедување на тие потреби преку организиран и плански начин, кој ги препознава приоритетите како примарни обврски. Истовремено продолжуваат досега воспоставените проекти и резултати во сите области на општествениот живот , образованието, културата, спортот, комуналната сфера“, - кажа Димитриевски.

    Претседателката на Советот на Општина Куманово, Атина Мургашанска, го истакна значењето на 11 Ноември 1944 година,  кога Куманово ја слави победата и слободата, остварувајќи го вековниот стремеж на македонскиот народ да живее во своја држава. Во чест на жртвите за остварување на нивниот идеал и посветеност на сопствената татковина, кумановци низ годините се вложувале себеси во развојот и создавањето на современа и модерна општина, како што доликува на еден регионален центар. 

    „Обврска на нашата генерација е да продолжи по тој пат. Да ја градиме својата иднина на европските перпективи, но со сопствените вредности. Само така Куманово ќе го задржи епитетот, град на мирот и ќе остане пример за мултиетнички соживот. Единствено мултиетничка заедница која има изградени цврсти темели на соживот ќе успее да се спротивстави на сите предизвици. Најдобар пример за тоа се токму граѓаните на Куманово, кои при последното премрежие од кое сеуште ги чувствуваме последиците, покажаа висока свест и единство“, - додаде Мургашанска.

    На свечената седница беа доделени и Ноемвриските награди на: Хасан Хасани-лекар специјалист педијатар, за придонес и особен ангажман во здравствената дејност. Радомир Гелевски-лекар специјалист по абдоминална хирургија, раководител на одделот при хируршки болести во ЈЗУ Општа болница во Куманово, Димитар Масевски-историчар уметник и основач на Друштво за наука и култура „Парадигма", Женскиот ракометен клуб Куманово, кој оваа година одбележува 90 години од основањето и ОУ "Крсте Мисирков" од Куманово, за долгогодишната успешна реализација на воспитно-образновниот дел.

    Благодарници од градоначалникот добија: директорот на Јавно претпријатие за државни патишта на Република Македонија, Зоран Китанов, постхумно Драгомир Шојиќ еден од најдобрите кумановски тамбураши, д-р. Зафер Сулејмани, пејачката Маргица Антевска, Спирко Николовски-поранешен претседател на Здружението на пензионери, Влајко Стојчевски, сопственик на „Грација“, пејачот Нино Величковски, проф д-р Владимир Пивоваров, професор на ФОН и пејачката Росана Сариќ Тодоровска.

    Специјални награди за 500 години Куманово беа доделени на семејствата на великаните кои се вградиле во развојот на Куманово: Никола Спасиќ, Салтир Путински, Сифрин Миладинов, Магдалена Андова, Панче Пешев, Бајрам Шабани, Христијан Карпош, Владимир Антонов, Васил Иљоски и Миодраг Божиновски.  

    На свечената седница беше прикажана видео презентација и културно-уметничка програма.