Мени

Швецувале илегалци во автомобили со украдени таблички

15.02.2017 18:46 | KumanovoNews

На автопатот Куманово граничниот премин „Табановце",  на клучката кај село Костурник, вчера околу 8 часот полициски службеници забележале две возила пасат, од кои излегувале мигранти.

Швецувале илегалци во автомобили со украдени таблички

Три лица од Сирија и шест лица од Ирак.  Откако излегле мигрантите, возачите со возилата со голема брзина продолжиле кон Скопје.

Возилата биле со скопски регистарски ознаки од други возилa, автомобил застава 126, сопственост на П.К.М. (64) од Скопје и автомобил ауди А8 сопственост на М.С. (39) од с.Батинци.

По консултација со Јавен обвинител дел од мигрантите ќе бидат сместени во Прифатен центар за странци,  додека семејството со две малолетни деца ќе биде сместена во куќа за ранливи категории.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицата и возилата и за целосно расчистување на случајот.