Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Српската Заедница во Македонија регионална организација Куманово синоќа во Народниот театар, организираше Свечена Светосавска академија.
Со богата културно-уметничка програма за ликот и делото на „Свети Сава„ присутните гости, меѓу другите, ги поздрави и заменик министерот за култура Драган Недељковиќ.
„Свети Сава„ е многу значаен ден за Србите.„Свети Сава„ не е само црковен ден и школски празник, туку државен и национален празник на Србите во Македонија. Ние сме горди на тоа што само овде се празнува на тој начин, што не е случај во нашата матична држава. Горди сме на тоа што сме државјани на Македонија од српска етничка заедница и што го имаме нашиот празник- рече Недељковиќ.
На присутните им се обратија и Гордана Стојковска, Горан Зафировиќ и Весна Бабиќ- Петровска. Со рецитали и музички точки се претставија уметници и ученици од Куманово, Старо Нагоричино и Белград.
На прослвата присуствуваа пратеникот Иван Стоилковиќ, градоначалникот Миодраг Јовановиќ, директорот на ГА-МА Горан Стојковиќ, советниците Емилија Томиќ и Небојша Томовиќ и др.
Како државен празник на Србите во Република Македонија „Свети Сава„ се обележува 5 години. Годинешнава прослава се одвива под покровителство на Владата. Во светосавската недела се одржуваат манифестации во сите населени места каде што живеат Срби, паралелно во училиштата, црквите и културните институции.
Централната прослава на „Свети Сава„ ќе се одржи вечерва во Скопје во Македонската опера и балет. На прославата најавено е присуството на претседателот на Република Српска Милорад Додик и претседателката на Парламентот на Србија Славица Ѓукиќ Дејановиќ.