Мени

Светосавска академија за празникот на Србите во Куманово

23.01.2020 11:02 | KumanovoNews

Српската заедница во Македонија, регионален одбор Куманово и Демократската партија на Србите во Македонија (ДПСМ), организираат Светосавска академија, по повод националниот празник на Србите во Македонија, „Св. Сава“.

Светосавска академија за празникот на Србите во Куманово

 - Светосавската беседа ќе ја прочита универзитетскиот професор, књижевник, дипломата и амбасадор на Србија во УНЕСКО Дарко Танасковиќ. Академијата ќе биде збогатена со настапот на српскиот инструменталист Бора Дугиќ придружуван од оркестарот на Бобан Продановиќ. Во програмата ќе земат учество и познатите актери од Народниот тетар во Белград Иван Вучковиќ и Владимир Јоцовиќ. Исто така дел од академијата ќе биде и КУД „Српски“ со својата фолклорна и рецитаторска секција, - соопштуваат организаторите.

 Свеченоста ќе се одржи во Театар Куманово, со почеток од 19 часот, а ќе присуствуваат официјални претставници од Србија и Македонија.