Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По повод „Свети Сава„,националниот празник на Србите во Република Македонија, Обединетата српска заедница Куманово, Коло на српските сестри, Централниот совет на српските асоцијации и Амбасадата на Република Србија, организира Светосавска вечер.
Централната прослава ќе се одржи во сабота во 18 часот во салата на Народниот театар Куманово.
Во културната програма ќе настапат уметниците од Белград Никола Рацков, Оливер Њего, Екстра Нена и Гојко Балетиќ, како и ученици од основните училишта Браќа Рибар и Вук Караџиќ од Куманово и ученици од Кучевиште , скопско.
На прославата ќе бидат објавени и резултатаите од ученичкиот конкурс за Свети Сава.