СВР Куманово бара волонтери
02.06.2014 11:07
| KumanovoNews
СВР Куманово има потреба од ангажирање на двајца волонтери, еден од факултет за правни и безбедносни студии и еден од областа на економски студии.

Во јавниот повик објавен на сајтот на Министерството за внатрешни работи стои дека волонтерската работа ќе се реализира од 15 јуни до 15 септември 2014 година без можност за продолжување на волонтирањето.
Заинтересираните кандидати во писарница на СВР Куманово треба да достават документи и тоа: потврда за статусот на студентот од високообразовната институција каде студира, мотивационо писмо и кратка биографија со податоци за контакт (телефонски број и адреса на живеење).