×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СВР Куманово го одбележа 7 Мај - Денот на македонската полиција

    07.05.2020 15:20 | KumanovoNews

     Под  мотото „Заедно сме побезбедни“  денеска СВР Куманово го одбележа 7 Мај - Денот на македонската полиција.

    СВР Куманово го одбележа 7 Мај - Денот на македонската полиција

    Со оглед на вонредната состојба во нашата држава, полициските службеници денеска на своите сограѓани им делеа заштитна опрема и промотивен матерјал.

    „Во превентивното постапување на терен преку своите служби на граѓаните покрај укажување и потсетување на совети за заштита на лична сигурност, на имотот, безбедноста на заедницата, јакнење на сообраќајна култура, како и почитување на законски одредби, на граѓаните- случајни минувачи, во трговски објекти и на работни места, учесници во сообраќајот, им поделија привезоци, миризливи фрешери за во автомобили и флаери, како и заштитни маски со кои што уште еднаш ја потенцираа важноста од почитување на одлуки на Влада за спречување на ширење на КОВИД-19“, - соопштуваат од СВР Куманово.

    По повод Денот на македонската полиција, полициска делегација оддаде почит и положи цвеќе на спомен обележјата на загинатите бранители во регионот.