×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Табановчани го начекаа Вељановски на автопат

    15.03.2010 17:03 | KumanovoNews

     Жителите на селото Табановце вчера се сретнале со претседателот на Собранието Трајко Вељановски, откако го начекале на патот, додека тој се враќал од посета на селото Сопот и побарале од него да им помогне во решавање на проблемот со клучката на новиот автопат.

    Табановчани го начекаа Вељановски на автопат

     Кога слушнавме дека доаѓа висок функционер од владејачката партија  се собравме на автопатот и  чекавме неколку часа да се врати од Сопот. Кога не видоа од делегацијата  мислеа дека се работи за протест, па прво отидоа кај своите сопартијци, а потоа дојде да ја чуе нашата мака. Ние му кажавме дека според првичниот план, клучката на автопатот требаше да се гради во селото, а сега некој наредил таа да се измести до самиот граничен премин. Со таквото решение ние ќе останеме без излез на автопатот, а за да стигнеме до клучката треба да поминеме 500-600 метри над селото. Човекот не сослуша и рече дека ќе види што може да помогне - велат жителите.

    Вељановски го задолжил пратеникот  Петар Поп-Арсов заедно со претседателот на месната заедница, неделава да одат во Министерството за транспорт и врски и Агенцијата за патишта за да видат каде е проблемот.

     Градежните работи на клучката на коридорот 10 сеуште не се започнати и жителите се надеваат дека првиот парламентарец ќе се заангажира за нив. Како причина за поместувањето на клучаката  велат дека е поврзувањето на автопатот со Железничкиот премин и селата од Липковско. Вељановски во Табановце бил во придружба на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово.