×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Тајмлесс„ бренд кој се потврдува

    14.01.2015 12:27 | KumanovoNews

     Реномираната продавница за часовници и накит „Тајмлесс„, викендов оргaнизираше празнично дружење за своите деловни соработници, при што беа извлечени добитниците на наградната игра, која траеше во изминатите три месеци.

    „Тајмлесс„ бренд кој се потврдува

    Наградите, ваучери за часовници од 15.000, 10.000 и 5.000 денари ги добија: Марија Тасевска од Куманово, Мартина Апостолова од Свети Николе и Давор Цветковски од Куманово.Истовремено беа извлечени и 20 сетови накит Сваровски.

    Како што ветивме, „Тајмлесс„ вечерва подели 23 награди на нашите верни потрошувачи. Нема да застанеме тука и во наредниот период ќе има нови изненадувања за нашите клиенти, со богати наградни игри и други поволности кои се во интерес на нашите потрошувачи,- најави Ѓокица Гиевски, сопственик на „Тајмлесс„.

    „Тајмлесс“ е реалтивно млада фирма која постои 3 години на кумановскиот пазар, но со високо-квалитетниот накит и врвната професионалност на вработените успеја да се наметне пред другите и да ја добие довербата и на најпробирливите купувачи. Во салонот на „Тајмлесс„ можат да се купат најпознатите брендови на часовници и накит, како во најпознатите светски јувелирници.

    Резултатите од нашето работење се повеќе од видливи. Довербата која што постојано ја добиваме од нашите сограѓани е потврда дека сме на вистинскиот пат и дека со нашите цени и квалитет сме далеку пред конкуренцијата. Луѓето ни веруваат, бидејќи ние имаме традиција со златарницата „Пепи„ и постојано сме во чекор со времето. Нашите клиенти се секогаш на пијадесталот во нашето работење,- додава Гиевски.

    Фирмата „Тајмлесс„ е генарален застапник во Македонија за брендот INSIEME- Swarovski Elements„ и моментално имаат соработници во повеќе од 10 градови во Македонија, плус во регионот. На свечената вечера, во пријатниот амбиент во етно-ресторанот „Баба Цана„, соработниците не го криеа задоволството од искрениот, пријателски и партнерски однос со домаќините.

    „Тајмлесс„ е единствената фирма од Македонија која е застапник на мојот бренд. Нашата соработка трае близу 4 години и имаме феноменални партнерски односи.Се запознавме на препорака на зеднички деловни пријатели и тоа трае до денеска. Луѓето од „Тајмлесс„ се издвојуваат од останатите фирми, првенствено по деловноста и посветеноста во работењето. Нашата соработка функционира на принципот, купувач, партнер, пријател и се друго што оди со таа работа. Кога сето тоа ќе се спои резултатот е неизоставен. Планираме да ја продолжиме соработката и да го зголеми пазарот, -изјави Владан Николиќ од Белград, сопственик на брендот "Insieme".

    Се приближува празникот на вљубените на 14 февруари и празникот на жената 8 март. По тој повод „Тајмлесс„ ќе овозможи посебни поволности за верните потрошувачи, но и богат асортиман на накит и часовници за секој купувач.