×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Тако и син одгледувале канабис во кратовско

    13.08.2015 12:48 | KumanovoNews

    Кумановската полиција против С.Ѓ.(59) и Т.Ѓ.(37) од Штип поднесе кривични пријави поради основано сомнение дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

    Тако и син одгледувале канабис во кратовско

    По добиени сознанија дека Т.Ѓ. во кратовското село Татомир одгледува растенија канабис сатива, поставени се заседи од полицајци од Полициска станица Кратово, при што вчера во раните утрински часови на лице место е упасен С.Ѓ. татко на Т.Ѓ. кој дошол да ги полева садниците, како и С.С.(48) од Штип, таксист кој три пати неделно го возел С.Ѓ. во селото.

    “Увид на лице место изврши увидна екипа на СВР Куманово, при што се пронајдени и запленети вкупно 71 насад од растението канабис сатива со големина од 1 до 2.3 метри кои се откорнати, и со потврда за одземени предмети се  одземени заедно со пластични канти, гумени црева, шишиња со течност за прехрана на растенија и шприцеви“ - изјави Живкица Чавдаревиќ од СВР Куманово.

    По наредба на Основен суд Штип извршен е претрес во домовите и помошните простории на С.Ѓ. и Т.Ѓ. , при што кај Т.Ѓ. се најдени и одземени најлонска кеса со зелена материја, семе од непозната растителна материја, луле со дробалка, 4 паковки со ризли, дигитална вага, дурбин, ловечки патрон, 2 куршуми 7.62 мм и куршум за гасен пиштол. Во останатите простории се најдени и одземени 3 стебла со должина од 145, 185 и 190 цм, 9 грама непозната растителна материја, 15 стари монети, а во лозјето на пријавените се најдени 2 непознати стебла со должина од 90 и 100 цм.

    На С.Ѓ. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, а Т.Ѓ. извесно време не е во Македонија, и престојува во Германија или Белгија.