×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Таксистите формираа синдикат

    14.07.2010 12:04 | KumanovoNews

    Околу 200 таксисти ќе членуваат во новиот такси синдикат што ќе се организира во рамките на Регионалниот синдикален совет во Куманово. Во синдикатот за почеток ќе се зачленат 7 здруженија од вкупно 11 колку се регистрирани на територијата на Општина Куманово.

    Таксистите формираа синдикат

    Минатата недела имавме изборен состанок на кој беа изберени претседател и телата на синдикалната организација. Претседател е Александар Живачки, а негов заменик е Момчило Тасевски. Основна цел на ова синдикално здружување на таксистите е да се заштитат нивните права и да се помогне во решавање на одредени проблеми во нивната фела- вели Миле Спасовски, претседателот на Регионлниот синдикат.

     Приоритет во решавањето на проблемите е сузбивањето на нелојалната конкуренција и обележувањето на такси постројките. Веќе е остварена средба на синдикатот со претставници од Локалната самоуправа, а деновиве ќе се сретанат и со претставници на СВР Куманово.