×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Талат Џафери не го сакаат во Слупчане

    12.08.2013 15:56 | KumanovoNews

     Ветераните на УЧК од Слупчане, денеска му порачаа на министерот за одбрана Талат Џафери и останатите политичaри на ДУИ, утре да не доаѓаат во селото на одбележување на годишнината од Рамковниот договор, бидејќи не ги реализирале дадените ветувања.

    Талат Џафери не го сакаат во Слупчане

    Најавата за доаѓање на министерот Џафери во Слупчане за да положи цвеќе на споменикот на загинатите борци е апсурден чин и неприфатливо за жителите на Слупчане, бидејќи тие се навредени од однесувањето на владините претставници, кои на паднатите борци на ОНА се сеќаваат само еднаш годишно, а потоа забораваат дека треба да се направи нешто за нив.- изјави доктор Фатмир Асани, поранешен пратеник.

    Во Слупчане живејат 800 семејства и 5200 жители, а немаат вода и канализација. Водата во бунарите е загадена поради што населението постојано има здравствени проблеми, а фекалии течат по улиците кои не се асфалтирани. Основното училиште е разурнато за време на конфликтот и не е поправено.

     Го видовте селото, буквално ништо не е инвестирано со децении. Децата немаат кај да учат,  немаме ни вода за пиење, а селото лежи на две брани.  Со еден збор немаме инфраструктура, ниту најелементарни услови за живот и работа. Ние не сме партиски определени па затоа им порачуваме на политичарите да се засрамат од тоа што го работат.- вели Авди Азири од Слупчане.

    Поранешните борци обвинуваат дека ДУИ гради само во Тетово, Скопје и другите села во липковско, а тие се црна дупка во регионот.

    Слупчане се наоѓа на 8 километри од Куманово и пред војната беше познато по големото производство на квалитетни раноградинарски производи и тутун. За време на конфликтот системот за наводнување е уништен и украден, па сега населението се соочува со  сиромаштија и невработеност.