×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Татко сам се грижи за пет деца во Ново Село, откако му починала сопругата

    12.02.2020 19:17 | KumanovoNews

    Седумчлено семејство од Ново Село, кумановско, живее во исклучително тешки услови, па секоја помош од институциите и граѓаните е добредојдена.

    Татко сам се грижи за пет деца во Ново Село, откако му починала сопругата

    Горан Спасиќ е самохран родител, кој сам се грижи за своите пет деца на возраст од три, пет, седум, девет и дванаесет години, откако пред две години му починала сопругата. Тој е вработен, но неговата плата не е доволна да ги задоволи потребите на сите членови на семејството. Додека Горан е на работа за децата се грижи неговиот татко, кој е со нарушено здравје. Четири од децата одат на училиште, а финансиската можност на родителот не дозволува да им пружи подобри услови за живот како што ги имаат нивните другарчиња.

    Маката на ова семејство започнала уште пред смртта на сопругата, кога во голем пожар им  изгореле помошните простории и дел од куќата. Со помош на хуманите луѓе, општината и поддршката од месната зедница еден дел е реновиран, но поголемиот дел од куќата се` уште не е завршен. 

    Помош на семејството денеска однесоа претставници од бизнис секторот од регионот.

    - Ние дојдовме до ова семејство на предлог на наши пријатели. Едноставно, сакавме да помогнеме колку што можеме. Со наши средства обезбедивме шпорет на дрва, гардероба, симболична финансиска помош и во договор сме да им обезбедиме и мебел. Меѓутоа, на овие луѓе навистина им е потребна поголема помош, бидејќи Горан е самохран родител, чија жена починала додека била бремена,- велат Никола Крстиќ од фирмата „Вемил“ од Куманово и Димитрије Недиќ од „Симпо“ Врање. 

    Тие апелираат до сите граѓани да се вклучат во акцијата, затоа што условите во коишто живеат овие пет мали деца се несоодветни за нивниот развој.

    Организаторите на акцијата обезбедиле и душеци, постелнина и перници за уште 20 семејства, од кои 5 ќе бидат наменети за ранливите семејства од Општината Старо Нагоричино, а останатите 15 за семејства во Куманово.