×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Театарска претстава за децата со посебни потреби

    18.03.2013 14:23 | KumanovoNews

     Децата со посебни потреби од “Порака наша“ и од Дневниот центар кај Чик денеска ја погледнаа претставата “Просидба“.

    Театарска претстава за децата со посебни потреби

    Од Централната комисија за труд и социјала на ВМРО - ДПМНЕ велат дека првпат организираат театарска претстава за оваа категорија на луѓе.

    Актерите порано ги посетуваа децата во просториите каде тие престојуваат. Сакавме да ги изнесеме од центрите и да ги донесе во театар каде глумците ќе изведат претстава специјално за овие деца. Поканети се и граѓаните заеднички да ја следат претставата. Тоа е желбата на Комисијата за труд и социјала при ВМРО - ДПМНЕ да им покажеме на овие деца дека не се сами, дека и ние сме со нив. Дека секогаш ќе им даваме поддршка, ваквите настани за нив се голема радост - изјави Дарка Петрушевска, член на Комисија за труд и социјала.

    Таа додава дека за овие деца претходно имаат организирано и излет во природа.