Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Техничкото училиште “Наце Буѓони” се претстави на еден од најпознатите фестивали во регион “Науката не е баук” во Ниш.
На свој штанд се претставија 6 ученика со нивните трудови.
Учениците од машинска струка се претставија со хидраулична роботска рака, електоротехничарите со Лед-коцка, лего робот Нацебот, додека биологичарите со хидропоник, одгледување на растенија во течен раствор. Сите сме многу задоволни од приемот и интересот на посетителите за нашите трудови. Целта на учеството беше да ги потикнеме креативните идеи на младите таленти заинтересирани за наука, и да го претставиме училиштето во најдобро светло надвор од државата- вели професорот Златко Гиновски.
На фестивалот претставување имале 44 училишта од регионот, а се одржале 33 предавања за посетителите. Учествувале над 500 професори, асистенити, студенти и ученици од Србија, Македонија, Црна Гора и Франција. Фестивал го посетиле 15 000 посетители за два дена.