Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Претствници од политичкиот и културен живот во градот, поранешни вработени и ученици положија цвеќе пред бистата на патронот, по што следеше програма на која беа презентирани проектите на училиштето и доделени благодарници на деловните пртнери на училиштето.
Техничкото училиште „Наце Буѓони„ денеска го слави патрониот празник и 50 години постоење. Претстaвници од политичкиот и културен живот во градот, поранешни вработени и ученици, положија цвеќе пред бистата на патронот, по што следеше програма на која беа презентирани проектите на училиштето и беа доделени благодарници на институции и поедици кои соработуваат со училиштето. На гостите им се обрати директорката на училиштето.
Ова е јубилеј вреден за почит и паметење. Во 1960 година училиштето е формирано со две паралелки и 46 ученика, а денеска имаме вкупно 70 паралелки со 2.100 ученика што говори за нашиот напредок.Квалитетниот наставен кадар,професионалната и несебична работа со макслимано вложување на сите нас придонесе нашето училиште да се закити со бројни награди на повеќе натпревари не само во Општината, туку и надвор од неа. Во минатата година инвестираме во училишната зграда и во реновирање на училишниот простор. Сменета е столаријата, прозорците, подовите, набавени се нови нагледни средства со што значително се подобрени условите за работа не само во ентериерот, туку и училишната клима за работа во училиштето - рече Лидија Михајловска, директорка на училиштето.
Таа најави дека ќе ги следат потребите на градот, и планираат да воведат нови насоки и дополнителна настава за талентирани ученици.Со тоа ќе привлечат нови ученици да се запишуваат во училиштето.