×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Телото на 40-годишниот кумановец не го прифати трансплантираниот бубрег

    28.05.2020 10:10 | KumanovoNews

     Еден од двата трансплантирани бубрези, кои во саботата беа трансплантирани кај двајца пациенти од сега покојната Емилија Динева, не успеал да профункционира и вчера лекарите морале да го извадат. Ова за „Утрински рифинг“ го потврди д-р Сашо Дохчев.

    Телото на 40-годишниот кумановец не го прифати трансплантираниот бубрег

    „За жал вчера едниот трансплантиран бубрег не профункционира и моравме да го извадиме. За другата пациентка немам што да кажам, поминавме одлично без компликации и веќе вториот ден се нормализираа оние деградациони продукти во крвта кои се параметар за успешноста на трансплантацијата и таа е добро. Кај пациентот од кој го извадиме трансплантираниот бубрег од старт имавме проблеми и дилеми дали воопшто да почнеме со трансплантацијата, затоа што од самиот почеток знаевме дека едниот од бубрезите кај кадаверот беше помалку вреден. Но, сепак се одлучивме да помогнеме на уште еден пациент, кој беше на листата на чекање“, изјави Дохчев.

    Како што веќе објавивме, бубрезите на Динева беа транспланирани кај маж на 40-годишна возраст од Куманово и кај 45-годишна скопјанка. Двајцата пациенти беа со хронична бубрежна слабост и со години на дијализа.

    (извор.mms.mk)