Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
24 годишниот Филип Насковиќ го загуби животот вчера во сообраќајна несреќа кога, управувајќи моторцикл скутер, заради непрописна брзина изгубил контрола и удрил во семафор.
Несреќата се случила околу 22 часот кога Филип возејќи се со девојката по булевар трета МУБ, кај крстосницата со улица Бранко Гуцман под засега неразјаснети околности со голема брзина свртел на тротоарот и откако удрил во семафорот тој паднал а девојката со моторот се движела уште дваесетина метри. На патот до болница Насковиќ починал а дваесетгодишната кумановка со тешки телесни повреди веднаш е пренесена на клиничкиот центар во Скопје. Таа сега е во кома и се наоѓа во животна опасност. Семафорите на ова крстосница цела недела не работат.
Младите возат многу брзо и воопшто не внимават. Згора на тоа и семафорите не работат па затоа ни се случуваат сообраќајки - вели кумановецот Абдула Иљазовиќ.
Стојанка Бучкова од Стара Загора, Бугарија, која е дојдена тука на гости во Куманово, споредува со состојбата во нејзината земја каде ги има истите пробеми и пропусти при регуирање на сообраќајот.
Ќе споредам со Бугарија каде исто семафорите не работат редовно, како што е тука на особено важни крстосници. Може да се случат катастрофи, видов токму овде судир меѓу две возила и сметам дека треба да се превземат мерки и да се регулира сообраќајот- вели Бучкова.
Телото на Насковиќ е предадено на обдукција а СВР Куманово сеуште ги утврдува причините за сообраќајната несреќа. Граѓаните апелираат да се води сметка семафорите секогаш да бидат во функција бидејќи на ова место честопати доаѓа до судир на возилата.