Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Даниела Петковска (29) од Куманово три месеци е во постела со неподносливи болки и живее без лекови за тешките болести бунимија, анорексија и карцином на матка.
Само коски и кожа со едвај 20 кила оваа млада жена може секој момент да умре, бидејќи нејзината мајка нема пари да ја смести во болница. Даниела од изнемоштеност едвај зборува, а за потребите во тоалет ја носат во раце.
Се ме боли. Стомакот, главата, нозете, мускулите...Најмногу душата ме боли... Бев во болница ама ме пуштија бидејќи немаме пари. Ни Брза помош не доаѓа без пари, а јас сум самохрана мајка - испрекинато и тешко зборува и плаче Даниела.
Таа пред еден месец била оперирана од карцином на матка, но резултатите покажале дека е потребна уште една интервенција. Пред две недели на одделението за гинекологија во Државната болница, прво ја примиле, а потоа ја отпуштиле додека не закрепне.
Ја примија уредно, и земаа крв, ја оставив и си тргнав за Куманово. На пола пат ми се јави и ми рече дека ја избркалe. Кога се вратив таа седеше во ходникот и плачеше. Дошла началничката и го кренала чаршафот со кој била покриена и рекла: „Овие коски ли ќе се оперираат? Да ми умреш тука на раце? Собери си ги парталите и да те нема од тука“. Се обидов да ја убедам да ја остават затоа што неможам јас да се грижам за неа, но безуспешно. Откако е дома само вода и сокче и давам, се друго повраќа. Таа треба да биде сместена на психијатриското одделение, но лекарот ми вика на под ли да ја стави,бидејќи немало место. Јас како мајка, и на тоа ќе се согласам само да и ја пружат неопходната лекарска помош и да не ја гледам како умира пред очите на своите деца, а ние сме немоќни да и помогнеме - раскажува и плаче мајката Јаворка Петковска.
Даниела се разболела пред три години и повеќе пати лежела на оделенијата за токсикологија, гастрологија и психијатрија, но поради намање на финансиски сретства секогаш го прекинувала лекувањето. Откако се развела со своите две малолетни деца Дарио (11) и Тијана (9) заминала да живее кај нејзините родителите, но татко и ја истерал од куќата заедно со мајка и. Сега двете жени се во безизлезна состојба. Децата немаат елементрани услови за живот и секојдневно се под стрес поради болеста на мајката. Примаат социјална помош од 4000 денари, а им остануваат само 1000 денари откако ќе платам кирија.
На повик на новинарите, а по интервенција на директорот на болницата, Даниела денеска беше пренесана со Брза помош во Кумановската болница, а потоа итно била сместена на психијатриското одделение во Скопје.