×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Тимови од Социјално во посета на селата

    21.09.2013 08:26 | KumanovoNews

    Во рамки на проектот “Отворени денови за социјална заштита“ тимови од Центарот за социјални работи Куманово, месецов посетија неколку села.

    Тимови од Социјално во посета на селата

    Преку овој проект луѓето од руралните средини од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане ќе се запознаат со процедурите и начинот како да ги остварат своите права преку Центарот за социјална работа.

    Во изминатите две среди посетени се четири населени места, на кои тимовите од центарот остварија непосредни средби со жители на руралните средини. Ќе продолжиме со иста динамика да ги вршиме овие посети секоја среда при што вкупно ќе бидат посетени 16 рурални средини до почетокот на месец ноември. Оди комплетен тим составен од социјални работници кои работат на парични права како што е социјална парична помош, постојаната парична помош и други права од детска заштита и социјални работници кои работат на услугите како што се старателство на возрасни и малолетни лица, малолетничката деликвенција, брак и семејство и семејното насилство и други услуги кои се остваруваат преку центарот - вели Даниел Живачки, директор на Центар за социјални работи.

    Тој објаснува дека на поголем дел од средбите и лично ќе присуствува.

    Имајќи го во предвид фактот дека поголем дел од населението во овие средини се стари лица и лица кои не се во можност да го посетат непосредно центарот, со овој проект ќе може истите да ги запознаеме со правата од социјалната заштита и да ги доближиме услугите до оние лица на кои им е најпотребна - додава Живачки.

    Проектот “Отворени денови за социјална заштита“ почна од почетокот на месецов и ќе трае до почетокот на ноември.