Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Министрите за внатрешни работи на Македонија и Србија, Панче Тошковски и Ивица Дачиќ, денеска во 12 часот ќе го посетат граничниот премина Табановце и ќе ја промовираат кампањата „Вози одморен“.
Тие ќе бидат во придружба на претседателката на Републичниот совет за безбедност во патниот сообраќај (РСБСП) Гордана Кожуваровска и в.д. директорот на Агенцијата за безбедност во сообраќајот Душко Пешиќ.
Кампањата се спроведува секоја година во екот на годишните одмори, кога фреквенцијата на возила на македонските и српски патишта е зголемена кон туристичките места во Грција, а има за цел да ги потесети возачите да возат одговорно и да ја прилагодат брзината според условите на патот.