×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Традиционална изложба „Кумановски ликовни уметници“ во Уметничката галерија во Куманово

    09.11.2023 10:14 | KumanovoNews

    Во Уметничката галерија Куманово утре во 19.30 часот ќе биде отворена традиционалната изложба на слики „Кумановски ликовни уметници“, на која учествуваат академски ликовни уметници од градот.

    Традиционална изложба „Кумановски ликовни уметници“ во Уметничката галерија во Куманово

    На изложбата свои дела ќе претстават 20 локални уметници, со слики изработени во најразлични ликовни техники, графики и просторни инсталации. 

    На изложбата учествуваат: Валентина Илијевска, Дејан Божиновски, Тања Соларска-Темелковски, Александар Стефановски, Гоце Божурски, Мухамедали Алили - Дали, Мирослава Цветковиќ, Трајан Трајковски, Акиме Насуфи-Реџепи, Стефан Анчевски, Меланија Георгиевска, Ханифе Ислами, Марија Величковска, Мухамет Идризи, Марина Цветановска-Мартиновска, Страхил Петровски, Дејвид Стоилковски, Дарко Трајковски, Далибор Крстевски и Александар Симоновиќ.

    Изложбата е дел од програмските активности на Музеј – Куманово и во официјалната програма на „Ноемвриски денови“, а се одржува под покровителство на Министерството за култура и Општина Куманово.

    Оваа изложба за прв пат е одржана во 1956 година и ова е нејзино 67 издание.