Третоодделенци го посетија градоначалникот
29.03.2012 12:51
| KumanovoNews
Кабинетот на градоначалникот Зоран Дамјановски денеска го посетија ученици од трето одделение од ОУ „Толи Зордумис„.
Целта на посетата беше учениците да се запознаат со работата на градоначалникот и останатите општински служби, како и функцијата на Советот на Општината.
Децата најмногу се интересираа за работата на градоначалникот и неговите секојдневни обврски. Имаа прилика и да ги разгледаат работните простории на градоначалникот и на останатите раководители- велат од неговиот кабинет.
Посетата се реализирала како дел од наставната програма на третооделенците.