Три деца затруени од вдишување лепак во Куманово
Три деца на возраст од 9, 12 и 15 години биле пронајдени во бессознание на улицата „Професор Мијалковиќ“ во Куманово.
Пренесени се во Општата болница Куманово за укажување лекарска помош.
„Вчера околу 10:40 часот било пријавено дека на улицата „Професор Мијалковиќ“ се пронајдени три деца кои не реагирале на допир. Станува збор за 15-годишно девојче и нејзините браќа на возраст од 12 и 9 години, кои најверојатно биле затруени од вдишување лепак. Тие биле пренесени во Општата болница Куманово за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, соопштија од СВР Куманово.
На паркингот меѓу Градскиот плоштад и зградата на Комитетот во Куманово речиси секојдневно можат да се забележат малолетници и нивните родители кои вдишуваат лепак, и покрај предупредувањата за сериозните последици врз нивното здравје.