Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
За месец дена три кумановски фирми вработиле млади до 29 години.
Од Центар за вработување Куманово велат дека има голем интерес за владината мерка за вработување на млади до 29 години, работодавците прашуваат за условите, но засега реализација има кај три компании.
Платени се придонесите за 1 година, а работодавачот треба да го задржи работникот на работа уште 1 година под услов во меѓувреме да нема намалување на бројот на вработени. Мерката ќе трае во наредните 2 години со можност за продолжување ако има интерес - вели Милорад Тренчевски, директор на Центар за вработување Куманово.
Со мерката “прва шанса“ случајот беше обратен така што само една фирма од градот вработи млад човек кој не бил вработен досега.