×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Три години затвор за поседување оружје

    16.02.2010 16:36 | KumanovoNews

    Во Основниот суд во Куманово, денеска на три години затвор е осуден  Хаки Исени (35) од селото Слупчане, Липковско за сторено кривично дело недозволено поседување  оружје.

    Три години затвор за поседување оружје

    Според обвинението, во ноември мината година во помошната просторија за чување на добиточна храна, Исени неовластено држел оружје и муниција. Полицијата при претрес пронашла една автоматска пушка, голема и мала рамка за пушката, една рамка за пиштол, 46 куршуми калибар 7.62мм. за автоматската пушка и 4 пачки. Оружјето било одземено, а Исени приведен.

    Во текот на судењето тој го отфрлал обвинението и негирал дека оружјето е негово. Помошната просторија каде било најдено оружјето била покрај селскиот пат и тврдел дека некој го оставил оружјето во сеното без да знае тој и неговото семејство.