Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
М.З.(27) од Куманово, денеска е ранета со три куршуми во нозете во месноста Менкова Колиба на периферијата на Куманово.
Според непотврдени информации, во девојката пукал нејзин познаник, кој потоа побегнал со колата. М.З. ја пронашол случаен минувач на патот, кој пријавил во полиција.Со возило на Брза помош повредената е пренесена во кумановската болница.
Во 14.35 часот, кај нас е донесена девојка во стабилна состојба, со три прострелни рани од огнено оружје на двете надколеници. На десната надколеница имаше една рана, а на левата уште две, од кои една излезна. По направените снимки и укажаната прва помош пациентката со медицинско возило е пратена на Клиничкиот центар во Скопје. По карактерот на раните се гледаше дека е пукано од непосредна близина- вели Зоран Тасевски, дежурен хирург.
Возилото на напаѓачот е најдено во близина на Соколана. Причините за пукањето не се познати, а полицијата изврши увид на местото на инцидентот.