Три мотоцикли одземени, 52 возачи казнети, акција на СВР Куманово
04.07.2022 13:36
| Сузана Николиќ
Во текот на вчерашниот ден, во периодот од 18 до 24 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на СВР Куманово за санкционирање на возачи на мотоцикли, кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Притоа санкционирани се 52 возачи. Од нив, 41 возач не користел заштитна кацига за време на возење, осум возеле без возачка дозвола, а санкционирани се и други прекршоци.
„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, соопшти Кумановската полиција.