Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Три нуркачки тима на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ од утринава продолжуваат со потрагата по исчезнатиот маж во езерото Глажња.
Потрагата била прекината ноќеска, а започнала вчера во попладневните часови.
Исчезнувањето на Ф.Р. (30) од селото Никуштак било пријавено во ПС Матејче вчера околу 15.30 часот, бидејќи не се вратил подолг период откако влегол да се капе во вештачкото езеро на браната Глажња на оддалеченост од 1.5 километри.
Преку СВР Куманово е повикана нуркачка екипа на МВР со цел да се пронајде исчезнатиот.