Три пожари во Куманово, се запалиле плински боци и ќумур
12.09.2019 06:14
| KumanovoNews
Три пожари гаснела Противпожарната единица во Куманово во текот на изминатото деноноќие на територијата на Општинаta.

Според извешатој на Регионачниот центар за управување со кризи (РЦУК), вчера во 14.30 часот се запалила плинска боца на ул. Раде Кончар, а час иполовина подоцна во 16 часот, при работа предизвикан е пожар на оксигенски боци во селото Добрешане.
„Во текот на ноќта имало една интервенција на железничка станица-Табановце на запален вагон со ќумур во периодот од 03.10-05 часот,- информираат од РЦУК.
Во сите три случаи нема повредени, предизвикана е само матерјална штета.