Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во три одвоени случи завчера и вчера во полицијата било пријавено агресивно однесување и семејно насилство против три лица, кои подоцна биле приведени.
Првиот случај е регистриран во понеделник, на 30 септември, во 18.50 часот. Полицијата го привела Н.И. (20) затоа што агресивно се однесувал и со остар предмет се заканувал кон неговиот татко.
Истата вечер во 20.10 часот, приведен е Б.А.(40) од Куманово, затоа што агресивно се однесувал кон неговата партнерка и со тврд предмет ги оштетил прозорците во нејзиниот стан. Б.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Во вторник, на 1 октомври, во 03.20 часот, приведен е И.Б.(38) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата сестра. И.Б. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот и против него ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР.