×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Трибина „Подобрување на статусот на жената Ромка“

    15.02.2012 09:30 | KumanovoNews

     Здружението „Регионален центар за одржлив развој“ од Кратово, утре ќе одржи завршна конференција на тема „Подобрување на општествениот статусот на жената Ромка“, како дел од проектот „За подобра општествена застапеност на жената Ромка“.

    Трибина „Подобрување на статусот на жената Ромка“

    На конференцијата ќе бидат презентирани резултатите до кои е дојдено при спроведувањето на проектните активности, а воедно ќе се дискутира околу моменталната состојба, како и предизвиците и можностите за превземање на активности за промена на веќе постоечките политики за социјална инклузија на жената Ромка.

        На средбата ќе земат учество претставници на јавни институции, невладини организации и активисти кои работат во оваа област.  На трибината е најавено обраќање на Лилјана Поповска, претседател на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Собранието на РМ.

    Конференцијата ќе се одржи во ресторан „Линка“.