Трибина за карцином на дебело црево
09.04.2013 13:01
| KumanovoNews
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утревечер ќе се оддржи трибина на тема “Карцином на дебело црево“.
Предавач ќе биде Ѓорѓи Дерибан, специјалист по гастро ентерохепатологија од Скопје. Трибината е наменета за пензионерите, а ја организираат Здружение на пензионери Куманово и Црвен Крст Куманово.
Почетокот е во 18.30 часот.