Трибина за младите и партиската дискриминација
Од независната политичка опција ги повикуваат младите да присуствуваат утревечер на трибината на тема “Младите и партиската дискриминација“ во Центарот за култура.

Сакам да потенцирам дека оваа тема е иницирана од младите, од актуелните случувања како на национално, така и на локално ниво, партиските вработувања. Особено големо ќе биде нашето задоволство и на граѓанското политичко движење “Кога, ако не сега“, ако биде трибината окарактеризирана со поголема посетеност, бидејќи ќе биде од отворен карактер и ќе земат сите учество на оваа тема - изјави Никола Стојковски, кандидат за советник од независната политичка опција.
Учесници на трибината ќе бидат Виктор Цветковски, м-р Марија Цакиќ, Емануела Величковска и др. Никола Стојковски. Трибината ќе почне во 20 часот.