×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Тридневен полициски час во Куманово

    03.06.2020 18:32 | KumanovoNews

     Жителите на Куманово, Липково, Скопје, Штип, Тетово, Јегуновце, Желино и Боговиње имаат целосна забрана за движењето за престојниот продолжен викенд. Во останатите градови забрането е движење од петок до 16 часот до понеделник до 5 часот.

    Тридневен полициски час во Куманово

    „Владата согласно препораките на Комисијата за заразни болести, со цел брза и ефикасна реакција за спречување на ширењето на коронавирусот, донесе одлука да се воведе целосна забрана на движењето на сите граѓани во Скопје (сите скопски општини), Куманово, Липково, Штип, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце, почнувајќи од четврток од 21:00 часот до понеделник до 05:00 часот“, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

    Во сите останати градови, се забранува движење на сите граѓани од четврток од 21:00 часот до петок до 05:00 часот наутро, а во петок, сабота, недела во овие градови забраната започнува од 16:00 часот и трае до следниот ден до 05:00 часот наутро.

    Петок се прогласува за неработен ден за сите граѓани. Во периодот од четврток од 21:00 часот до понеделник до 05:00 часот, се забранува посета на гробиштата на територијата на цела држава, освен за погреби.

    Отстапките за од овие забрани се однесуваат за земјоделските активности, поради што е дозволено движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.

    За време на периодот за кој е донесена оваа одлука за забрана за движење, аптеките ќе работат непречено, а Министерството за здравство ќе изработи план за непречена работа и на здравствените установи.

    Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) и за маркетите и рестораните кои вршат достава на производи, при што тие своите ангажмани ќе ги реализираат непречено.

    Остануваат на важење сите издадени дозволи за движење за време на претходните забрани за движење кои беа воведени, особено за економските оператори и за работа организирана во смени.

    Прошетката на милениците ќе биде во веќе востановените термини во периодите 08:00 до 8:30, 15:00 до 15.30 и 20:00 до 20:30 часот.

    Забраната за движење не важи за лицата со попреченост и за нивните придружници доколку имаат соодветна документација.