Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Национална Установа Музеј Куманово во рамките на активностите по повод Меѓународниот ден на музеите организира тридневна работилница на тема „Оживување на занаетот меѓу младите преку изработка на накит од кристали - Дар од природата“.
Проектот го раководи Надица Петковиќ, виш кустос етнолог, а надворешен соработник е Никола Петковиќ, млад занаетчија кој има своја работилница за изработка на накит –„Медеа кристал“.
„Првата работилница се одржа вчера во просториите на постојаната музејска поставка, а целна група беа пензионерите од градот. Одржана е преѕентација, а целта е едукација и запознавање на енергијата на кристалите, користење на истите во алтернативна медицина и поврзување на кристалот како еликсир од дамнешно време до денес. Денеска и утре на работилницата ќе учествуваат средношколците од уметничките паралелки. Средношколците се од гимназијата Гоце Делчев од Куманово, од јазично уметничките клас чиј ментор е професорката по ликовна уметност Валентина Јовановска. Тие ќе изработуваат накит од кристали, а инспирација ќе им бидат експонатите од археолошкото и етнолошкото одделение. Најрепрезентивните примероци ќе бидат поставени во етнолошката поставка каде ќе можат да ги видат сите посетители, а со тоа ќе се даде и поттик кај младите да го вратат занаетот во градот Куманово во поинаква форма“, велат организаторите.
Проектот е финансиран од страна на Министерството за култура на Македонија, а реализиран од страна на Националната Установа Музеј Куманово.
2008 - 2023 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk