Мени

Триесет и четири точки на утрешната седница на Советот

24.02.2026 10:01 | KumanovoNews

Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница, на која ќе се разгледуваат вкупно 34 точки.

Триесет и четири точки на утрешната седница на Советот

Пред советниците ќе се најде и точка поврзана со проблемите со ретроактивното оданочување на граѓаните кои работеле во Ирак и Авганистан, избор на членови на управни и надзорни одбори на јавните претпријатија, извештаи за работа, зголемување на цената  услугите во градинката и други теми од значење за градот.

Дневен ред :

1.    Разгледување и усвојување на Препораки до Управата за јавни приходи во врска со постапувањето при утврдување на даночни обврски за граѓани ангажирани во високоризични и воени зони (Ирак и Авганистан);    
2.    Информација на превземени мерки и активности во текот на 2025 година на Полициска станица од општа надлежност Куманово;
3.    Годишен извештај на Територијална противпожарна единица Куманово за 2025 година;
4.    Програма за работа на ТППЕ Куманово во 2026 година;
5.    Извештај за стекнати и распределени средства во 2025 година од ОСТУ„Наце Буѓони“ – Куманово;
6.    Предлог - Решение за давање мислење на Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на ООУ „Кочо Рацин“ – Куманово;
7.    Извештај за работа на Општински совет за превенција на детско престапништво за 2025 година;
8.    Извештај за реализирани активности во 2025 година на Секторот за меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање, креирање политики, следење и ЛЕР;
9.    Предлог - Програма на Сектор за меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање, креирање политики, следење и (ЛЕР) за 2026 година;
10.    Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за IV квартал од 2025 година;
11.    Буџетски календар за 2026 година;
12.    Предлог - Програма за измена на Програмата на културни манифестации на Општина Куманово за 2026 година;
13.    Предлог - Одлука за изменување на Одлука за утврдување на цените на услугите што ги дава ЈОУДГ „Ангел Шајче“- Куманово и износот на надоместокот на трошоците за престој во установата што паѓа на товар на родителите;
14.    Предлог - Одлука за отпис и расходување на основни средства (движни ствари) и ситен инвентар сопственост на Општина Куманово;
15.    Предлог - Одлука за исплата на еднократна парична помош од буџетот на Општина Куманово за 2026 година;
16.    Предлог – Решение за именување на член на Управниот одбор на ЈОУД Детска градинка „Ангел Шајче”, Куманово - претставник од Министерство за социјална политика, демографија и млади;
17.    Предлог – Решение за разрешување и именување на претставник од Општина Куманово за член на Училишниот одбор во СОУ Гимназија „Гоце Делчев” – Куманово;
18.    Предлог – Одлука за формирање на Комисија за односи меѓу заедниците на Советот на Општината Куманово;
19.    Предлог – Решение за именување на претставници од Општина Куманово за членови на Училишниот одбор во ОСТУ „Наце Буѓони” – Куманово;
20.    Предлог – Решение за именување на претставници од Општина Куманово за членови на Училишниот одбор во СОУ „Перо Наков” – Куманово;
21.    Предлог – Решение за именување на претставник од Општина Куманово за член на Управен одбор во ДСУ „Киро Бурназ” – Куманово;
22.    Предлог - Одлука  за именување на  членови на Управен одбор на ЈП„Водовод“- Куманово;
23.    Предлог - Одлука  за именување на  членови на Управен одбор и членови на Надзорен одбор на ЈП„Куманово Гас“- Куманово;
24.    Предлог - Одлука  за именување на  членови на Управен одбор и членови на Надзорен одбор на ЈП„Куманово паркинг“- Куманово;
25.    Предлог - Одлука  за именување на  членови на Управен одбор и членови на Надзорен одбор на ЈП„Куманово План“- Куманово;
26.    Предлог - Одлука  за именување на  членови на Управен одбор и членови на Надзорен одбор на ЈП„Пазаришта“- Куманово;
27.    Предлог - Одлука  за именување на  членови на Управен одбор и членови на Надзорен одбор на ЈП„Чистота и зеленило“- Куманово;
28.    Предлог - Одлука за давање согласност за обезбедени финансиски средства од Буџетот на Општина Куманово за преземање на 1 (еден) административен службеник;
29.    Предлог – Одлука за  повторно објавување на јавен повик 01/26 за пројавување на интерес за пријавување на кандидати, за избор на членови на Управен и Надзорен одбор на ЈП „Водовод“ – Куманово;
30.    Предлог – Одлука за повторно објавување на јавен повик 02/26 за пројавување на интерес за пријавување на кандидати, за избор на членови на Управен и Надзорен одбор на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово;
31.    Предлог – Одлука за повторно објавување на јавен повик 03/26 за пројавување на интерес за пријавување на кандидати, за избор на членови на Управен и Надзорен одбор на ЈП „Пазариште“ – Куманово;
32.    Предлог – Одлука за повторно објавување на јавен повик 04/26 за пројавување на интерес за пријавување на кандидати, за избор на членови на Управен и Надзорен одбор на ЈП „Куманово - паркинг“ – Куманово;
33.    Предлог – Одлука за повторно објавување на јавен повик 05/26 за пројавување на интерес за пријавување на кандидати, за избор на членови на Управен и Надзорен одбор на ЈП „Куманово - гас“ – Куманово;
34.    Предлог – Одлука за повторно објавување на јавен повик 06/26 за пројавување на интерес за пријавување на кандидати, за избор на членови на Управен и Надзорен одбор на ЈП „Куманово - план“ – Куманово.