×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Триесет лица се тестираат за коронавирус, едно од Куманово

    18.03.2020 15:02 | KumanovoNews

     Триесет лица се тестираат за коронавирус, од кои едно лице е од Куманово.

    Триесет лица се тестираат за коронавирус, едно од Куманово

    Како што информираше министерот за здравство, Венко Филипче, од триесет лица коишто се тестираат едно е од Куманово двајца од Скопје и останатите од Дебар.

    Тој исто така рече дека досега се направени околу 400 тестови, но дека во моментот заедно со епдемиолозите се трудат да ги лоцираат кризните места и да ги тестираат луѓето коишто биле во близок контакт со заболените, кои можеби се заразени а сѐ уште не развиле симптоми, бидејќи не поминале 14 дена.

    - Сметам дека раното откривање, скрининзите по епидемиолошки индикации се особено важни, веќе почнавме да правиме во Дебар, овие денови и во околината на Струга, а се прави планови и за некои населби во Скопје, но и во други градови согласно податоците коишто ги имаат епидемиолозите. Сметам дека е ова многу битно за да се откријат порано заразените, за да не го преоптеретуваме понатаму здравствениот систем и тоа да предизвика проблеми и компликации во лекувањето ,- додаде Венко Филипче.

    Тој исто така рече и дека во моментот располагаат со 1500 тестови за коронавирус, дека уште 1000 се нарачани, а дека во текот  на неделата ќе бидат донирани уште 1000. Според побраувачката, вели тој, неделно може да се добиваат по илјада тестови.