„Трмка“ го зголеми бројот на членови
Пчеларското друштво „Трмка“ од општина Старо Нагоричане го зголеми бројот на членови.

Од формирањето пред Нова година, од 8 пчелари, им се приклучија уште 12 членови и сега имаат вкупно 20 пчелари.
Тоа се претежно постари луѓе кои се родени во нашата општина, а живеат во Куманово. Ќе направиме една свечена седница на која на членовите ќе им ги врачиме книшките. Луѓето се заинтересирани, го поздравуваат формирањето на ова здружение. Сега е лошо времето и не може да отидеме до сите села, но напролет очекуваме да се зачленат повеќе пчелари - вели Синиша Станојковски, претседател на „Трмка“.
Ова друштво понатаму ќе ги ецуцира пчеларите за теми поврзани со одгледување на пчели.