Мени

„Трмка“ одржа основачко собрание

15.02.2016 10:44 | KumanovoNews

Пчеларското друштво „Трмка“ од општина Старо Нагоричане, викендов одржа основачко собрание, на кое беа избрани органите, беа дефинирани статутот и чланарината.

„Трмка“ одржа основачко собрание

„Трмка“ брои 50 членови и на нив им беа поделени членски книшки, а потоа беа засадени садници на плоштадот во општината во чест на формирањето на пчеларското друштво.

Официјално ја започнавме соработката со општината, и засадивме и садници на плоштадот бидејќи без дрвца нема мед, нема пчели. Ова е само почеток, ќе работиме на развој на пчеларството како добробит за општеството - рече Синиша Станојковски, претседател на „Трмка“.

На свеченоста беа присутни 70 гости кои се заинтересирани за пчеларството, како и градоначалникот Милован Стојковски.