Мени

Тројца кандидати во трка за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Куманово

07.04.2026 12:45 | Сузана Николиќ

Тројца кандидати влегле во најтесен круг за избор на нов претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово.

Тројца кандидати во трка за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Куманово

Од вкупно девет пријавени на јавниот повик, само тројца ја поминале првата селекција и веќе биле на интервју кај претседателот Христијан Мицкоски.

„Најдобрите тројца кандидати беа на интервју кај претседателот. Кој и да биде избран, нема да се направи промашување, бидејќи сите тројца се долгогодишни и лојални членови кои ја носат вмровската идеја во душата. Јас ќе бидам најсилната поддршка во работата на новото раководство“, изјави претседателот, Бобан Николовски.

Неофицијално, кандидати за прв човек на огранокот се: Владимир Михајловски, координатор на советничката група, Сашо Стошевски, директор на Кумановската болница и Филип Филиповски, директор на ЈП „Водостопанство“.

Актуелниот претседател Николовски нема право на уште еден мандат, бидејќи е избран во Извршниот комитет на партијата. Тој смета дека со неговиот избор во највисокото партиско тело на централно ниво, Општинскиот комитет ќе добие поголема сила и значај. „По толку години добивме место во централното тело, што е и мотив и обврска за посилна и посветена работа“, додава Николовски.