×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Трошна куќа на „Илинденска“ опасност за граѓаните

    04.12.2019 12:12 | KumanovoNews

    Стара и трошна куќа, која се наоѓа на улицата Илинденска, спроти зградата на „Комитет“ , секој момент може да падне.

    Трошна куќа на „Илинденска“ опасност за граѓаните

    Земјотресот од минатата недела и последните дождови дополнително ја оштетија куќата, па парчиња од малтер од фасадата паѓаат на тротоарот.

    Граѓаните велат дека со страв поминуваат покрај неа поради тоа имаат чувство дека само што не паднала.

    Поради нарушена безбедност, од пред неколку дена МВР и Градежната инспекција го заградија тротоарот  со ленти и метални препреки и го забранија движењето покај неа.

    „Започната е постапка за отстранување на склонопадниот објект на ул. Илинденска.  Во најскоро време, кога ќе заврши постапката ќе  пристапиме кон отстранување на објектот“, - информираат од Градежната инспекција.

      Оваа куќа е само една од многуте стари куќи од старото градско јадро, која не оддолеа на забот на времето, а никој не ја заштити од целосно уништување. Проблем е што сопствениците не можат или не сакаат да инвестираат во нивно поправање, а општината нема надлежност да ги преземе без нивна согласност.

    На местото „Чоробенско ќоше“ каде што се наоѓаат старите куќи со урбанистичкиот план е предвидена изградба на административна зграда на Општина Куманово.