Турски државјанин со камион излетал на патот Куманово-Крива Паланка
01.02.2016 14:03
| KumanovoNews
Б.А.(34) од Турција вчера управувајќи камион Мерцедес, излетал од патот кај село Петралица на регионалниот пат Куманово-Крива Паланка.

Тој околу 23.30 часот во место викано Потрчин дол изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот. Во несреќата причинета е само материјална штета, а повредени нема.
Увид на лице место изврши полицијата.