Мени

Тутун запленет во воз на Табановце

01.02.2016 14:55 | KumanovoNews

Минатата недела 20 килограми сецкан тутун, откриени се на Железничката станица Табановце.

Тутун запленет во воз на Табановце

Тутунот е најден при контрола на меѓународен патнички воз што сообраќал на релација Солун – Белград. Сецканиот тутун  чиј сопственик е непознат, е пронајден во 10 најлон кеси и 12 картонски кутии, скриени под седиштата на неколку купеа од возот.

На Табановце минатата недела се одземени и 10.500 евра, најдени кај македонски државјанин на излез од земјата кој се возел во германски автомобил.