×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • У наше предузеќе не цвета цвеќе, имаме долг од 7,5 милиони евра, кажа директорот на „Водовод“

    30.05.2020 10:55 | KumanovoNews

     Директорот на ЈП „Водовод“ Горан Стојковски искористи реплика од филмот „Тесна кожа“ за да ја опише состојбата во неговото претпријатие на седницата на Советот на Општина Куманово, каде се разгледуваше минатогодишниот извештај и се коментираше целокупната состојба во претпријатието. Цитирајќи го ликот Среќко Шојиќ од легендарниот југословенски филм, Стојковски кажа „У наше предузеќе не цвета цвеќе“, сакајќи да ја прикаже тешката финансиска состојба во која се наоѓаат.

    У наше предузеќе не цвета цвеќе, имаме долг од 7,5 милиони евра, кажа директорот на „Водовод“

     „Водовод“ минатата година ја заврши со добивка од 944.000 денари, но има долгови од 7,5 милиони евра и блокирана сметка од јули 2013 година. Долговите се направени до 2017 година по разни основи, а најмногу од високата цена на водата што ја искорачуваше „Водостопанство“ кон „Водовод“,  додека траеше водната криза и кавгите помеѓу двете водоснабдителни претпријатија, едното раководено од локалната власт на СДСМ, а другото на централната на ВМРО-ДПМНЕ.

    „'Водовод' се наоѓа на трето, неславно, место по долгови на јавни претпријатија во државата. Долгот е од 7,5 милиони евра без камати, а во исто време има и побарувања од 4,5 милиони евра, но тие не можат да ненаплатат затоа што дел од тие претпријатија и институции веќе не постојат или се во стечајна постапка. Од вкупниот износ ЈП „Водовод“ до 2016 година има долг од 1 милион евра без камати за електрична енергија,кон „Водостопанство„ во ликвидација 40 милиони денари, кон „Водостопанство“ во стечај 20 милиони денари, кон „Кумановско-липковско поле“ 150 милиони денари. Повеќето од тие долгови се нереални и создадени со интенција на партиска основа додека беше проблемот со водата во Куманово“,  рече Стојковски пред советниците.

     Директорот тврди дека сега редовно се плаќаат сите сметки, а се враќаат и стари долгови кон сите доверители. Го исплаќаат и кредитот од МЕАП проектот од 2004 година кој изнесува 5,7 милиони евра, што истотака не се враќал, а за кој на почетокот на годината им стигнала рата од 35 милиони денари. Истовремено се инвестира во развојот и модернизација на опремата за работа.

    Тој очекува државата да им помогне со отпишување на долговите кои ги имаат кон „Водостопанство“ во висина од 3,5 милиони евра, затоа што се нереални и не се наплатливи, исто како и нивните побарувања, за да се одблокира сметката и да почнат нормално да функционираат. Тогаш ќе им се отвори патот да направат договор за отплата на долгот кон ЕВН на 100 рати.  

    За состојбата во која се нашло претпријатието, покрај политиката, директорот ги обвинува и неговите предходници, кое не воделе грижа за превработеноста, професионалноста и партизацијата.  

    „Свесни сме на своите недостатоци, свени сме што и како треба да правиме и еве ќе ја спомнам онаа позната реплика од филмот „Тесна кожа“, 'У наше предузеќе не цвета цвеќе', ама се бориме пред се одговорно и транспарентно ги кажеме овие работи. Ако не за друго да биде поука понатаму кога ќе поставуваме луѓе на одговорни и раководни позиции да се поаѓа од нивната стручност, способност и спремност за работа. Да се има комплетна контрола и постојано да се бара одговорност. За сето останато има институции коишто треба да се грижат“, вели директорот.

    Во претпријатието после долго време успејале да набават нови возила и градежна механизација, а после 15 години минимално да ги зголемат платите на вработените.

    (С.Н.)