×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Убиецот на Линка го бараат и странски служби

    09.03.2012 09:19 | KumanovoNews

      Три месеци по убиството на Горан Стојковски Линка во центарот во Куманово, сеуште нема информации кој го сторил тоа. Од полицијата велат дека се работи на случајот, а во истрагата се вклучени и странски служби.

    Убиецот на Линка го бараат и странски служби

    Истрагата е во тек, но сеуште немаме конкретни докази. Вклучени се и други служби но се работи за многу тежок случај. По начинот на извршување има елементи за професионално убиство.Намаме информации дали се работи за нарачано убиствто, иако тоа беа коментарите веданаш по убиството.Но во интерес на истрагата неможам да давам повеќе информации. Кога ќе има нешто конкретно ќе излеземе со информации-изјави Моме Јакимовски, началник на СВР Куманово.

    Убиството се случи на 12 декември лани, кога со 6 куршуми од пиштол во главата, Линка беше ликвидиран пред влезот на зградата во која живеел во трговскиот центар „Гарнизон„.Убиецот најверојатно пукал од скалите кои водат на вториот кат на трговскиот центар, и затоа и не бил забележан од никого.

    Луѓе кои живејат во зградата велат дека прво слушнале еден истерел од пиштол, а по неколку секунди уследило рафално пукање. Критичната вечер Стојковски, откако пазарил во продавницата тргнал дома.Тогаш го сочекал убиецот и пукал во него. Безживотното тело го пронашол негов сосед.

    Веднаш по убиството извор од полицијата тврдеше дека убиството е извршено многу професионално, и дека без сведоци и без пиштолот од кој е пукано, само на основа на пронајдените 6 чаури, полицијата многу тешко ќе дојде до сигурни докази.

    Полицијата тогаш приведе 13 лица на информативен разговор под сомнение дека се вмешани во убиството, но по извршената парафинската ракавица биле пуштени.

    Горан Стојковски Линка, 6 месеци пред убиството излезе од затвор, откако ја одлежа 8 годишната казна за убиствата на Горан Георгиевки Мујо и Недад Вељковски Чавка, а рани уште 3 лица. Пред 6,5 години, пред ноќниот  клуб „Линка„, тој пукаше во убиените и нивното друштво поради долготрајна нетрпеливост и нападот на Мујо врз неговиот син во угостителскиот објект.